Пазарната инспекција не може да ги затвори „Интермецо“ и „Мош“, ги нема газдите за да им ги врачат решенијата

„Пломба“ на „Интермецо“ поставена од Пазарниот инспекторат во 2020 година

И цела недела откако пазарните инспектори им изрекоа казна и забрана за работа од десет дена, скопските кафулиња „Интермецо“ и „Мош“ сè уште си работат, пишува „СДК.мк“.

Тие не се затворени иако казната им беше изречена минатиот петок, за непочитување на работното време и прегласната музика која ечела и по 1 часот по полноќ. По голем број пријави на граѓани, во заедничка акција на Пазарната инспекција и Општина Центар, инспектори влегоа во кафулињата околу 1.30 по полноќ и било констатирано дека го прекршуваат работното време. Но, оттогаш помина една недела, а локалите уште не се пломбирани оти газдите не ги примаат решенијата и не дозволуваат да бидат затворени, пишува „СДК.мк“. .

Директорот на Пазарната инспекција Горан Трајковски тврди дека локалите ќе бидат затворени и дека тие мора да ги почитуваат законските постапки.

„Бидејќи газдите не сакаат да ги примат решенијата, ние ги испративме по курир. Сега се чека да помине рокот сами да се затворат, а доколку тоа не го направат, ќе бидат пломбирани од наша страна. Нема да има отстапки, секој мора да го почитува законот и така ќе биде во овој случај“, вели Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот