Павле Богоевски: Точно е, нарачував ЗАБРАНЕТА СУПСТАНЦА, но не КОКАИН

Пратеникот Павле Богоевски се огласи на социјалната мрежа Фејсбук, по повод објавената „бомба“ од вчера на која се слуша неговиот глас.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

„Вчера на руска социјална мрежа беше објавено аудио кое авторот го нарече БОМБА и каде тврди дека нарачувам кокаин. На нашите мрежи, прво беше споделено од пропагандната твитер машинерија на ВМРО ДПМНЕ и од порталите блиски до нив, а потоа веќе го споделуваа и сите останати.

Би сакал да расчистам неколку работи:

Дали тоа е мојот глас на снимката?
Да.

Дали разговарам за супстанца чиј промет е забранет?

Да. Но, во овој разговор не нарачувам кокаин. Договарам набавка на масло од канабис. За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис и’ помогна таму каде другите лекови не можеа да и’ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам се’ додека е потребно.

Прочитајте и...  Фругалската четворка против економскиот план на Меркел и Макрон

Немам никаква намера да се правам светец, ниту да глумам дека сум изненаден зошто мојот политички противник одбра токму вака да ме нападне. Ама немам намера ниту да се правдам за мојот приватен живот. Во оваа „БОМБА“ нема договарање на милионски криминали. Нема заговарање за уништување животи. Нема местење избори. Нема ендеци и запалени кафани. Има наводи за мојот приватен живот, кои (во овој случај) се извадени од контекст.

Исто така, очекувам службите многу сериозно да го истражат овој случај. Ова не е снимка од телефонски разговор кој некако „протекол“. Поради тоа, не подложи на заштита согласно Законот за заштита на приватноста од 2015г., кој се однесува на снимките по кои постапува СЈО. Но, ова е Неовластено прислушкување и тонско снимање, предвидено со чл. 151 од Кривичниот законик и очекувам дека сторителот ќе биде изведен пред правдата.

Прочитајте и...  Си-Ен-Ен: Разорен биланс од пандемијата во САД

п.с. Крајно време е да ја олабавиме законската рамка за медицинска употреба на канабисот и да ја декриминализираме личната употреба. Поддршка за луѓето што се влечат по судови поради тоа што произведуваат масло за болните!“, напиша Богоевски на Фејсбук.

Прочитај повеќе

Поднесена кривична пријава против разрешениот реис Сулејман Реџепи

Слободен печат

Мрачна прогноза на СЗО: Коронавирусот стигнува повторно на есен

Слободен печат

Димитров ја поздрави лидерската улога на Франција за заживување на европската агенда

Слободен печат

САД распишаа награда од три милиони долари за апсење на пропагандистот на ИД

МИА Агенција

Голема потрага по нацистичко богатство: Во Полска скриено злато вредно 1,25 милијарди фунти

Слободен печат

Осуденикот Нинџа ја шокираше јавноста- ослабе до непрепознатливост (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Полицијата го приведе на испрашување премиерот на Федерацијата БиХ

Слободен печат

Во Велика Британија нови 377 смртни случаи од ковид-19 за 24 часа

Слободен печат

И Бил Клинтон го посетувал „Островот на оргиите“: Поранешен соработник на Епстајн тврди дека познати личности доаѓале

Слободен печат

Судир на мигранти во БиХ, двајца убиени, повеќе повредени

Слободен печат

Муцунски: За одредување датум за избори потребен е целосен консензус

Слободен печат

ЕП истражување: Жителите на пет земји најмногу пријавиле финансиски проблеми за време на пандемијата

МИА Агенција