Патиките ви мирисаат на пот: Не мора веднаш да ги перете, само додадете неколку состојки и мирисот веднаш ќе исчезне
Постојат многу начини да се ослободите од мирисите од вашите чевли, овој пат ви нудиме интересни и ефикасни методи кои не бараат многу труд!
Препорачано
Пред да започнете со чистење, проверете дали вашите чевли се целосно суви. Ако се влажни или мокри од носење, вежбање или лошо време, наполнете ги со стуткани весници и оставете ги да се исушат на воздух.
Ако мирисот сè уште се задржува откако ќе ги третирате чевлите со средства за дезинфекција, обидете се со овие совети дома:
Наполнете чорап со сода бикарбона, врзете гј на врвот и ставе ја во чевелот, истото повторете го и со другиот чевел.
Оставете ги преку ноќ.
За да ги елиминирате бактериите и габите што предизвикуваат мирис, испрскајте ја внатрешноста на чевлите со спреј за дезинфекција. Можете исто така да посипете прашок за стапала или сода бикарбона во вашите чевли за сличен ефект.
Некои чевли се перат во машина за перење, но важно е да ги следите ги упатствата за оптимални резултати. Повеќето чевли нежно се перат во ладна вода со благ детергент и не заборавајте да ги исушите на воздух, но не ги оставајте дирекно изложени на сонце.
За да спречите идни мириси, одржувајте ги чевлите суви и редовно одржувајте хигиената.


