Партизан ја прегази Будуќност во Белград и ја освои АБА лигата
Кошаркарите на КК Партизан вечерва во Белградската арена, пред повеќе од 20.000 гледачи, ја совладаа екипата на Будуќност со резултат 90:75 во четвртиот натпревар од финалната серија на АБА лигата, со што ја добија серијата со 3:1 и го освоија осмиот шампионски трофеј во ова натпреварување.
Препорачано
Со оваа победа црно-белите станаа најтрофеен клуб во историјата на АБА лигата со осум титули, престигнувајќи ја Црвената звезда која една помалку.
Првата четвртина понуди изедначен дуел меѓу Партизан и Будуќност (26-26), но во вториот дел гостите од Подгорица први се наметнаа со водство од 29-26. Сепак, тимот на Жељко Обрадовиќ брзо ја стабилизираше играта, направи пресврт и на полувреме замина со предност од 48-44.
Во второто полувреме, „црно-белите“ ја презедоа целосната контрола врз натпреварот. Будуќност немаше одговор за нивната агресивност, а на крајот од третата четвртина Партизан имаше комотно водство од 70-59.Последната четвртина беше само формалност, српскиот шампион го зголеми водството и на моменти водеше со убедливи +21 (88-67), пред да го запечати триумфот со конечни 90-75.
Стерлинг Браун блескаше кај Партизан со 18 поени, два скока и три асистенции, додека најистакнат кај Будуќност беше Јоги Ферел со 23 поени, еден скок и пет асистенции.


