Фото: Euroleague

Партизан ја потврди замената за Карлик Џонс: Пристигна кошаркар кој две години играл во НБА

Oд редовите на Партизан го потврдија ангажманот на Ник Кaлатес кој пристигнува како големо засилување за „црно-белите“.

36-годишниот Калатес не запиша ниту една минута во Евролигата оваа сезона со Монако, па неговото заминување беше очекувано. Грчкиот плејмејкер претходно не беше повикан од селекторот Василис Спанулис на Евробаскетот и беше исклучен од клубот, што го направи трансферот во Партизан логичен потег.

Партизан го гледа Калатес како замена за Карлик Џонс, кој ќе биде отсутен до февруари. Калатес веќе има соработка со Жељко Обрадовиќ од времето кога го водеше Панатинаикос и во текот на кариерата настапувал за неколку големи европски клубови, меѓу кои АЕК Атина, Барселона, Фенербахче и Монако.

Исто така, Калатес играше и во НБА за Мемфис во периодот 2013–2015 година.

Дебито на грчкиот кошаркар се очекува в петок кога Партизан во Евролигата ќе се соочи со Барселона.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот