Партизан има нов тренер: На местото на Милошевиќ доаѓа миленикот на навивачите

фото: EPA/EFE

Српскиот прволигаш Партизан го назначи Александар Станојевиќ за нов тренер откако клупската легенда Саво Милошевиќ си поднесе оставка.

До ваквиот расплет дојде само два дена по поразот на Партизан од Војводина со 3:2 на натпреварот од српскиот шампионат, а на кој Милошевиќ заработи и црвен картон бидејќи го гаѓаше судијата со шише вода.

„Црно-белите“ по шест кола во шампионатот на нашиот северен сосед забележа четири победи и два порази и се наоѓаат на петтото место на табелата со шест бода помалку од лидерот Црвена Звезда.

Саво Милошевиќ на клупата на Партизан се задржа една ипол година, а воедно ова му беше и прво искуство како главен тренер на една екипа.

На негово место доаѓа миленикот на навивачите, Александар Станојевиќ кој се враќа во клубот по осум години. Оттогаш Станојевиќ беше тренер на неколку кинески екипи како и на Макаби Хаифа и на ПАОК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот