Парламентарни избори во Романија: Тесна трка меѓу социјалдемократите и либералите

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Проевроопските либерали на власт и нивните социјалдемократски ривали водат тесна трка по денешните парламентарни избори во Романија. Ова го покажуваат првичните излезни анкети според кои либералите освоија 29 отсто од гласовите додека социјалдемократите имаат 30,5 отсто гласови, јави „Франс прес“.

Владеачката Национална либерална партија (ПНЛ) на премиерот Лудовик Орбан, сепак, останува фаворит за формирање на новиот владин кабинет во коалиција со реформистите УСР-ПЛУС кои според излезните анкети добија околу 16 отсто гласови.

Право на глас имаа околу 18 милиони Романци. Изборите се очекува да продуцираат одредена стабилност во земјата со една од највисоките стапки на емиграција во Европската Унија, јавува агенцијата АП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот