Парични казни за седум лица од Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час​​

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно седум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, во различни кривично-правни настани не го почитувале полицискиот час, па за време на забраната определена со прописите за спречување на ширењето на заразна болест се движеле на различни локации во градот.

Надлежните јавни обвинители за сите обвинети предложија парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност. ​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот