Парфеми, облека, обувки, делови за прозори – Царина заплени фалсификувана роба
Во изминатите денови Царинската управа при контроли на граничните премини заплени парфеми, облека, обувки, делови за прозори.
Препорачано

-Царинската управа заплени автомобил на граничниот премин Меџитлија, кој бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден за криење стока. При скенирање на автомобилот пронајдени се околу 130 парчиња облека и обувки – се вели во соопштението.

На граничниот премин Дојран при контрола пронајдени се 67 парчиња облека, додека на раничниот премин Табановце автопат, полицијата заплени 329 кинезиолошки траки за поддршка на мускулите.

На Блаце се запленети 2.900 делови за ПВЦ прозорци. Во друг случај мобилен царински тим заплени 406 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки поради сомневање дека „повредуваат права од интелектуална сопственост“.

Полицијата заплени и 111 парфеми и тоалетни води од автомобил со германски регистарски таблички со кој македонски држајанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце.


