Паравоените сили во Судан ја зазедоа контролата над националниот музеј во Картум

Картум, Судан/Фото: Jack Maguire / Alamy / Profimedia

Суданските паравоени борци го зазедоа националниот музеј во Картум, соопшти неговиот заменик директор, што ги зголеми стравувањата за безбедноста на важните артефакти, вклучително и античките мумии во услови на смртоносна војна, пренесува Ројтерс.

Членовите на групата Сили за брза поддршка, кои седум недели се борат со армијата за контрола на Судан, влегоа во музејот во петокот, рече заменик директорот Ихлас Абделатиф, повикувајќи ги борците да го заштитат наследството на нацијата.

Вработените во музејот не ја знаат ситуацијата во музејот бидејќи ја прекинаа работата таму откако конфликтот ненадејно избувна на 15 април, принудувајќи ја полицијата што го чуваше објектот да се откаже, рече Абделатиф.

Музејот се наоѓа во голема зграда на брегот на Нил во центарот на Картум, во близина на централната банка во област каде што се воделе некои од најжестоките борби.

Меѓу илјадниците непроценливи реликвии има и балсамирани мумии кои датираат од 2.500 п.н.е., што ги прави меѓу најстарите и археолошки најважни во светот.

Музејот содржи и статуи, керамика и антички мурали, со артефакти од каменото доба до христијанската и исламската ера, рече поранешниот директор Хатим Алнур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот