Фото: albirroja/Инстаграм

Парагвајскиот претседател прогласи празник по победата на СП

Парагвајскиот претседател Сантијаго Пења го прогласи денот по сензационалната победа на Светското првенство над германската репрезентација за национален празник.

Парагвајците празнуваат по победата над Германија на Светското фудбалско првенство. Парагвајскиот претседател Сантијаго Пења го прогласи денот по сензационалната победа за национален празник. „Парагвај никогаш не се предава! Празник, по ѓаволите!“, напиша Пења на платформата X по победата од 4-3 по изведувањето на пенали против германската репрезентација.

Кратко потоа, тој го потпиша соодветниот декрет.

За Парагвај, триумфот во шеснаесетфиналето е втора победа во нокаут фаза на едно Светското првенство. Парагвајците претходно стигнаа до четвртфиналето во Јужна Африка во 2010 година. Пења за празник го прогласи и денот по нивната успешна квалификација за Светското првенство во септември 2025 година.

Извор: Дојче веле

ВИДЕО | Мундијалски вести: Парагвај ја испрати Германија дома, „лавовите од Атласот“ ги овенаа „лалињата“

ВИДЕО | Сензација: Парагвај ја елиминираше Германија на пенали за осминафинале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот