Папазов во воведен говор – во оваа судница ќе се изнесат многу факти кои може нема да му се допаднат некому
Градоначалникот Љупчо Папазов кој го водеше Кочани кога се случи трагедијата кога за загинаа 63 и по неколку дена си поднесе оставка од градоначалничката функција, во воведниот говор кое е прво негово обраќање во јавноста кажа дека направил се што можел да направи кога се случи трагедијата и најави дека во судницата ќе бидат изнесени многу аргументи и факти кои можеби нема да му се допаднат некому.
Препорачано
-Сакам само да потсетам на две можности кои имав да ги направам во тој момент. Едната е од професионален аспект, да ја мобилизирам цела општинска администрација во функција на истражните органи. Самиот јас да се ставам на располагање на сите надлежни служби и уште една работа од професионален аспект, да го одржам најкраткиот колегиум во мојот градоначалнички манда, со цел овозможување на основните услови за сите потребни активности понатаму. Втората работа која можев да ја направам од личен и човечки аспект по глетката што се случи во Кочани да поднесам оставка од морални причините. Во оваа судница како што ќе бидат изнесени многу аргументи и факти кои можеби нема да му се допаднат некому, но ќе бидат првиот чекор или првиот патоказ дека сте на вистинскиот пат кон утврдување на вистината – рече Папазов.
Неговиот адвокат оставката ја опиша како висок морален чин, иако Папазов немал никаква вина, а и тој го покрена прашањата дали државните органи затаиле во своите надлежности.
Претходно воведни зборови даде и поранешниот градоначалник Ратко Димитровски, а за екс градоначалникот Николчо Илијев одбрана даде само неговиот бранител.


