Фото: EPA-EFE/VATICAN MEDIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Папата Франциск наложи намалување на платите на кардиналите и свештениците

Папата Франциск им нареди на кардиналите да ги намалат платите за 10 проценти и да им ги намалат платите на другите свештеници кои работат во Ватикан за да ги зачуваат работните места на обичните вработени, бидејќи пандемијата со ковид-19 ги погоди приходите на Римокатоличката црква.

Ватикан денеска соопшти дека папата Франциск издаде указ и воведе пропорционално намалување почнувајќи од 1 април. Портпарол истакна дека намалувањето нема да влијае врз вработените на пониско ниво.

Се претпоставува дека кардиналите кои работат во Ватикан и живеат таму или во Рим имаат месечна плата од околу 4.000-5.000 евра, многумина во големи станови со многу пониски кирии од пазарните.

За другите водачи на служби, главно свештеници, платите ќе бидат намалени меѓу три и осум проценти. Програмираното зголемување на платата ќе биде суспендирано до март 2023 година.

Одредбите нема да важат само за базиликата Свети Петар во Ватикан.

Централното раководно тело на Католичката црква, можеби ќе треба да користи 40 милиони евра од резерви втора година по ред, додека пандемијата ги намалува приходите, изјави претходно висок претставник од Ватикан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот