Панк иконата Џон Лајдон нема да ја претставува Ирска на Евровизија

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Бендот „Wild Youth“ е избран да го носи ирското знаме на музички натпревар во мај во Ливерпул. Тие во првата полуфинална вечер ќе ги одмерат силите со претставници на 14 земји, а 10-те најуспешни ќе се пласираат во финалето.

Џон Лајдон, поранешниот фронтмен на групата „Sex Pistols“, не успеа да победи на натпреварот за претставување на Република Ирска на овогодинешната Евровизија.

67-годишникот се надевал дека песната „Хаваи“, за неговата сопруга Нора, која боледува од Алцхајмер, може да победи и да го „привлече вниманието“ на оваа болест.

Иако претставниците на Ирска седум пати ја освоија Евровизија, од 2013 година немаа среќа и само двапати се пласираа во големото финале.

Во изјавата по прогласувањето на победникот, пејачот на групата „Wild Youth“ рече:

„Се тресам, се надевам дека ќе бидеме што е можно подобри“.

Групата претходно имаше турнеја со Луис Капалди, Ниал Хоран и Скрипт и се верува дека е следниот голем бенд кој ќе се пробие од Ирска по неколку години.

Победникот беше избран од ТВ гледачите, како и од национално и меѓународно жири составено од музички експерти.

На крајот за резултатот одлучуваше гласањето на публиката, а „Wild Youth“ беше во тесна битка со уште еден изведувач, откако и двајцата имаа поддршка од судиите.

Повторно фаворит: Украина е прва на листата во обложувалниците за победа на Евровизија

ФОТО | Објавен слоганот и логото на овогодишената Евровизија

ВИДЕО | „Мамим“: Тијана Дапчевиќ повторно ќе си ја проба среќата на српската Евровизија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот