Повторно фаворит: Украина е прва на листата во обложувалниците за победа на Евровизија

Украина пред повеќе од еден месец го избра својот претставник на Евровизија 2023, а оваа година натпреварот се одржа во засолниште во метро станицата во Киев, а се натпреваруваа десет песни. Електронското дуо – Творчи ќе се натпреварува во името на оваа земја во Ливерпул со песната „Heart of Steel“.
View this post on Instagram
Творчи е електронско дуо основано во 2018 година од Ендрју Хуцулиак и Џефери Аугуст Кени. Тие веќе учествуваа на националниот избор за Евровизија 2020 година со песната „Bonfire“ и го освоија четвртото место.
Во текот на февруари повеќето европски земји ќе избираат свои претставници за Евровизија. Досега само Холандија, Израел, Белгија, Албанија и Украина избраа песни кои ќе ги претставуваат, а Словенија и Кипар го избрансамо претставникот кој ќе ги претставува, а допрва се работи на изборот на песна.
На четири месеци пред почетокот на Евровизија, обложувалниците се отворени, а Украина убедливо води.
Обложувалниците на украинската композиција „Тврочи“ и песната „Челично срце“ и даваат дури 16% шанси за победа, иако повеќето од песните сè уште не се познати.
Шведска, која сè уште нема избрано свој претставник и песна, има импресивни 10% шанси за победа.
View this post on Instagram
Украина избра претставник уште во декември во подземната станица во Киев, која беше претворена во воено засолниште.
Евровизија ќе се одржи во Ливерпул во мај.
Украинска бегалка сака да ја претставува Шведска на „Евровизија“
ВИДЕО | Пејачка од Косово ќе ја претставува Албанија на Евровизија 2023
Констракта се закити со награда за најдобар текст на Евровизија за песната „In corpore sano“