ВИДЕО | Пејачка од Косово ќе ја претставува Албанија на Евровизија 2023

Фото: Инстаграм/Скриншот/Јутјуб

Албанија следната година на Евровизија во Ливерпул, Англија, ќе ја претставуваат Албина и Фамилија Келменди со песната „Дује“, објави официјалната веб-страница на ова престижно музичко натпреварување.

Претставниците беа избрани со гласовите на публиката по големото финале на Албанскиот национален фестивал што се одржа во Тирана, а како што пренесуваат медиумите, освен жители на Албанија, гласале и луѓе од Косово.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Albina KELMENDI (@kelmendialbina)


Инаку, Албина е родум од Косово, со оглед на тоа што е родена во Пеќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот