Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Украинска бегалка сака да ја претставува Шведска на „Евровизија“

Седумнаесетгодишната Марија Сур од Украина е меѓу натпреварувачите за претставувањето на Шведска на „Евровизија“ следната 2023 година, во Ливерпул, објави телевизијата „СВТ“.
„Дојдов во Шведска пред осум месеци со мајка ми поради војната во мојата земја. Мојата песна ќе ви ја раскаже мојата приказна. Песната е насловена „Никогаш не се откажувај“, изјавила Марија за шведските медиуми.
Таа непосредно пред руската инвазија во февруари учествувала на натпреварот „Гласот на Украина“ и нагласи оти е благодарна што учествувала на шведскиот „Мелодифестивален“. Објавена е првата половина од натпреварувачите, а втората од списокот, треба да биде објавена до крајот на неделата.
Со шест победници, Шведска е една од најуспешните земји на „Евросонгот“. Марија Сур ќе пее во вториот прелиминарен круг во Линкопинг на 11 февруари.
Украинскиот „Калуш оркестар“ ја понесете титулата Евросонгот во Торино, Италија. Англискиот град Ливерпул ќе биде домаќин на настанот во 2023 година, бидејќи безбедносните услови во Украина не се задоволителни.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5