ВИДЕО | „Мамим“: Тијана Дапчевиќ повторно ќе си ја проба среќата на српската Евровизија

Тијана Дапчевиќ
Тијана Дапчевиќ / Фото: Инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Радио-телевизија Србија ја објави листата со натпреварувачките песни за националниот евровизиски избор „Песна за Евровизија 2023“, кој ќе се одржи во две полуфинални вечери на 1 и 2 март и финална вечер на 4 март.

Имено, во годинашната конкуренција се најдоа 32 изведувачи, меѓу кои и нашата Тијана Дапчевиќ, која ќе настапи со песната „Мамим“. Таа ќе настапи со реден број 4, за време на првата полуфинална вечер.

Музиката и текстот се дело на Ана Радонјиќ, попозната како Зое Кида и долгогодишна соработничка на Ана Ѓуриќ-Констракта, а аранжманот го направи Андрија Гавриловиќ.

Од двете полуфинални вечери, според одлуката на публиката и стручното жири, во финалето ќе се пласираат по осум изведувачи.

Ова е трето учество на Тијана Дапчевиќ на националниот евровизиски избор на Србија. Во 2006 година, таа настапи на Беовизија со песната „Грех“, а минатата година се натпреваруваше со песната „Љуби љуби“.

Но, евровизиската сцена не ѝ е непозната на Тијана. Таа ја преставуваше Македонија во 2014 година, со песната „To The Sky“. Тогаш, за жал, не успеа да се пласира во финалето на овој голем музички натпревар.

Повеќе на темата:

Објавен слоганот и логото на овогодишената Евровизија

Пејачка од Косово ќе ја претставува Албанија на Евровизија 2023

Украина е прва на листата во обложувалниците за победа на Евровизија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот