Пандевци и фудбалерите на Борец се тестираа на коронавирус

Екипите на Академија Пандев и на Борец пред почетокот на враќањето на тренинзите, денеска се тестираа на ковид-19.

Во организација на Синдикатот на фудбалери на Македонија кој ги обезбеди тестовите, двете екипи беа тесирани во болницата Аџибадем Систина.

„Денес во организација на СФМ и Аџибадем Систина продолжи тестирањето на прволигашките екипи на КОВИД 19.
Мобилна екипа од Аџибадем Систина беше во посета на Фк Академија Пандев и Фк Борец и направени се тестови на сите играчи,стручните штабови и луѓето кои што работат во овие клубови“, објави Синдикатот на фудбалери.

Ова значи дека и двете екипи од попладне ќе започнат со тренинзите во пресрет на продолжувањето на сезоната во првата лига, а првото коло треба да се игра кон средината на идниот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот