Пандев размислува за пензија по крајот од сезоната

фото: твитер

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, открива дека сè уште на знае дали на крајот од оваа сезона ќе стави крај на кариерата.

Идеалното сценарио и желба на Пандев е да се пензионира со дресот на македонската репрезентација на Европското првенство кое е презакажано за наредната година, но за тоа да се случи, Македонија прво треба да го совлада Косово, а потоа во финалето од плејофот од Лигата на нациите да го победи и подобриот од дуелот Белорусија -Грузија.

Сепак, Пандев во разговор со итлаијанскиот новинар Џанлука ди Марцио, вели дека разммислува да страви крај на кариерата по завршувањето на оваа сезона.

– Во моментов се уште планирам да ја завршам кариерата по оваа сезона. Посакувам збогување со фудбалот пред многу луѓе на стадион, да им се заблагодарам на сите во Џенова за петте прекрасни години тука. Дадов се од себе за овој дрес, сакам да кажам „збогум“ пред преполни трибини на „Луиџи Ферарис – вели Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот