Пандев најдобар според фановите, Џенова потсети на неговиот гол од 40 метри! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Читателите на „pianetagenoa1893“ го прогласија македонскиот репрезентативец за најдобар играч на Џенова во минатата сезона 2019/20.

Горан Пандев го освои првото место во изборот на навивачите на оваа екипа за која имаше значаен придонес во обезбедувањето опстанокот во Серија А.

Нашиот напаѓач собра вкупно 5047 гласови, пред Антонио Санабриа на втората позиција (3254) и третопласираниот Ласе Шене (2783).

Македонецот во најсилното италијанско првенство во изминатата сезона имаше учинок од девет голови.

Воедно денеска клубот од „Луиџи Ферарис“ ја потсетува јавноста и на феноменалниот погодок на „Гранде Пандев“ од 40 метри против Лече.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот