Пандев има порака за фудбалерите: Херои главата горе, Македонија е горда на вас

фото: ФФМ

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев е горд на неговите доскорешни соиграчи иако во финалето на баражот за пласман на СП во Катар загубија од Португалија со 2:0.

Пандев кој беше капитен на Македонија на Европското првенство што се играше минатата година им порача на репрезентативците да бидат горди и со кренати глави иако не успеаја да обезбедат пласман на Мундијалот.

Македонија по освојувањето на второто место во квалификациите, во баражот ги доби најтешките можни противници, последните два европски шампиони, Италија и Португалија.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски минатиот четврток со 1:0 ја совладаа Италија во Палермо, но вчера потклекнаа пред Португалија која славеше до двата гола на Бруно Фернандеш.

„Херои главата горе, Македонија е горда на вас“, напиша Пандев на својот профил на Иснтаграм по поразот од Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот