Панчев за случувањата на „Максимир“: Светската политика ги уништи регионот и фудбалот 

фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Неофицијалниот распад на поранешната СФР Југославија започна на 13. мај 1990 година за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Динамо Загреб и Црвена Звезда. Местото на настанот каде започна расдпадот на тогашната Југославија е стадионот „Максимир“.

Околу 2.500 навивачи на Црвена Звезда допатуваа во Загреб, во непријателска атмосфера поради големото ривалство со навивачите на Динамо, „Бед Блу Бојси“. Кулминацијата се случи кога „Бед Блу Бојси“ ја срушија заштитната ограда на северната трибина и влетаа на теренот со цел да се пресметаат со „Делиите“.

Хаосот на теренот се смири откако полицијата доби засилување, а во тие моменти се случи и потегот кој го најави распадот на државата, младиот Звонимир Бобан го удри полицаецот Рефик Ахметовиќ по што веќе немаше враќање назад.

Свое видување на настаните даде и легендарниот македонски фудбалер Дарко Панчев кој зборува за српски „Мондо“.

– Не можам да тврдам, но подоцна се зборуваше дека овој инцидент беше еден вид пробен балон за тоа што подоцна се случи. Наводно инцидентите на „Максимир“ биле организирани да се сменат полициските командири и началници кои не биле Хрвати. Немаше никакви најави дека натпреварот може да биде прекинат поради инциденти. Целиот наш престој во Загреб помина без проблеми, а во воздухот не се чувствуваше ништо негативно. Барем јас не почуствував ништо. Изгледаше дека работите се нормални, се до моментот кога беше скршена оградата и кога навивачите влегоа во терен. Иако провокациите од трибините во тоа време беа нешто нормално – вели -Панчев.

Панчев зборува и за однесувањето на фудбалерите на Динамо за време на инцидентите.
– Сите заедно заминавме во соблекувалните и чекавме упатства, бидејќи не знаевме што се случува. Нивните играчи беа коректни кон нас, а со некои од нив подоцна разговарав во репрезентацијата и имавме исто размислување дека тоа што се случи не беше убаво и дека лесно можеше да стане многу полошо. Звонимир Бобан беше млад и понесен во таа ситуација и реагираше некоректно за еден спортист, но јас знам дека тој е одличен и паметен човек и затоа мислам дека го понесе еуфоријата. Секој може да погреши – зборува Панчев кој го посочува главниот виновник за инцидентите и распадот на државата.
Светската политика го уништи целиот регион, а не само фудбалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот