Памела Андерсон објави фотка со 22 години постариот сопруг (ФОТО)

Се запознале пред 35. години, а во 1989. година кусо биле во врска.

52. годишната зајачица на Плејбој и актерка и 74. годишниот филмски продуцент наводно се венчале во Малибу, а на церемонијата биле и нивните деца.

Петерс потврдил дека тој и Памела се венчале после неколку месеци забавување.

Се запознале пред 35. години, а во 1989. година кусо биле во врска. Петерс вели дека можел да ги има сите девојки кои би ги посакал, но ја сакал само и единствено Памела.

инстаграм

„Отсекогаш сум ја сакал неа, иако можев да ја имам секоја. Таа ме излудува на позитивен начин. Таа е многу повеќе од тоа што го гледате, инаку не би ја сакал толку многу“, рекол 74. годишниот продуцент.

На Памела ова и е петти брак. Минатата година таа ја прекина врската со 18. години помладиот француски фудбалер, Адил Рами, кој наводно ја изневерил со својата поранешна жена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот