Палермо во Серија Д, Несторовски и Трајковски слободни играчи

EPA/CORRADO LANNINO

Според досегашните најави наредниот период се очекува Несторовски да потпише за Удинезе и воедно се врати во најсилната италијанска фудбалска лига.

Трајковски кој исто така ги бранеше боите на Палермо, се поврзуваше со трансфер во неколку клубови, меѓу нив Спортинг Лисабон, Салернитана, а понуда пристигна дури и од Милан.

Фудбалската федерација на Италија соопшти дека сите досегашни фудбалери на Палермо се слободни и можат да го напуштат клубот кој во меѓувреме доби ново лого и нов газда Дарио Мири.

Претходно беше одбиена жалбата на клубот за останување во Серија Б, па логично беше и ослободување на играчите од договорите. Воедно и „Трансфермаркт“ објави дека Несторовски и Трајковски се моментно без клупски ангажман.

Секако многу е важно двајцата наши интернационалци да бидат во натпреварувачка форма, со оглед на тоа што новите репрезентативни обврски следуваат веќе во септември, односно квалификациските гостински мечечи за ЕП 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот