Паднал од 68 кат на облакодер во Хонг Конг: Загина францускиот авантурист познат по качување на високи објекти

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ ʀᴇᴍɪ ᴇɴɪɢᴍᴀ

Французинот Реми Луциди почина во четвртокот, откако паднал од врвот на станбениот облакодер во Хонг Конг, кулата Трегунтер, додека се обидувал да се фотографира.

Познат како „Реми енигма“ на социјалните мрежи, тој имал историја на качување на структури низ целиот свет, од згради, до кранови, мостови, столбови и предаватели.

На денот на несреќата, Луциди му кажал на обезбедувањето дека оди во посета на пријател на 40-тиот кат за да добие пристап до покривот на кулата на 68-от од каде паднал, пренесува „Дејл меил“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ ʀᴇᴍɪ ᴇɴɪɢᴍᴀ

Младиот авантурист го видела куќната помошничка како тропа на прозорците од пентхаусот за да се врати во зградата, но паднал пред да пристигне помошта.

Луциди паднал од зградата на патеката Трегунтер пред да пристигнат полицајците и бил прогласен за мртов на местото на настанот. Полицијата ја пронашла неговата спортска камера на која имало снимки како се качува по високи згради.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ ʀᴇᴍɪ ᴇɴɪɢᴍᴀ

Инстаграмот на младиот Французин со денови е преплавен со коментари и изрази на сочувство. Каналот на Јутјуб на Реми Енигма повеќе не постои, а на Инстаграм го следеле нешто повеќе од четири илјади луѓе.

Неговиот профил е полн со слики од високи згради, а многу од фотографиите се застрашувачки.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ ʀᴇᴍɪ ᴇɴɪɢᴍᴀ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот