Паднаа руските државни веб-страници: Кремљ се сомнева дека Вашингтон стои зад сè

Неколку дена откако Соединетите држави предупредија на сајбернапад врз Русија, веб-страницата на Кремљ утрово не работеше.

Неколку страници на официјална Москва не работат од утрово или сè уште не може да се пристапи до нив.

Интернет-страниците на владата, премиерот, долниот дом на парламентот, Роскомнадзор и другите државни оддели уртинава не се оврараа, пренесува Ројтерс.

Додека веб-страницата на Кремљ започна да фунциомира во меѓувреме, веб-страницата на Руската федерална агенција за надзор на електронските медиуми и комуникации – Роскомнадзор – сè уште не се отвора.

Британскиот „Метро“ го поврза падот на руските државни страници со најавите од Вашингтон, за кои се тврди дека планирале одмазда за хакерските напади од минатата година, за кои сомнежот е врз Кремљ.

Претставници на Белата куќа во неделата за Њујорк Тајмс изјавија дека е планирано хакирање и дека првиот голем потег се очекува во текот на следните три недели „преку низа тајни акции низ руски мрежи“.

Изворите велат дека дејствијата ќе бидат помалку очигледни за страните, но дека ќе испратат јасен сигнал до претседателот Владимир Путин и неговите официјални лица.

Тие наведоа дека нападот ќе биде придружен со економски санкции. Покрај тоа, американскиот претседател Џо Бајден има намера да потпише извршна наредба за зајакнување на заштитата на владините компјутерски системи со цел да се спречат идни сајбер напади.

Кремљ остро реагираше на пишувањата на „Њујорк тајмс“.

– Овие извештаи се алармантни затоа што доаѓаат од прилично респектабилниот американски „Њујорк тајмс“, кој не исклучува сајбер напади, и тоа не е ништо друго освен меѓународен сајбер криминал – рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на прес-конференцијата

Од друга страна, британски Телеграф потсетува дека падот на руските страници е скоро истовремен со руското воведување ограничувања кон Твитер.

Роскомнадзор денес објави дека ќе воведе ограничувања на мрежата Твитер со забавување на протокот на информации, обвинувајќи ја администрацијата на Твитер дека не ја отстранила забранетата содржина од својата страница дури и по неколку предупредувања.

Роскомнадзор се закани дека целосно ќе ја блокира услугата, нагласувајќи дека до денес имало повеќе од 3.000 објавувања на нелегална содржина.

Твитер, како и останатите американски социјални мрежи, се користи во Русија од сојузниците на опозицискиот лидер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, чие затворање минатиот месец предизвика протести низ целата земја.

– Забавувањето ќе се примени на 100 проценти од мобилните уреди и 50 отсто на немобилните апарати. Доколку (Твитер) продолжи да ги игнорира законските обврски, мерките ќе продолжат согласно регулативите, соопшти Роскомнадзор на својата веб-страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот