Падна авион во Германија, пронајдени три тела на местото на уривањето

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

По уривањето на мал авион на југозападот од Германија пронајдени се три тела на местото на несреќата, соопшти полицијата.

Станува збор за авион од компанијата Пајпер кој паднал во шумското подрачје близу местото Штајненброн, кратко по полетувањето од Меѓународниот аеродром во Штутгарт.

Во авионот се наоѓале три лица, кои патувале кон Магдебург во источна Германија.

Агенцијата ДПА повикувајќи се на полициски извори објави дека идентитетот на жртвите се уште не е утврден.

Од Агенцијата за контрола на авиосообраќајот во Германија наведуваат дека пилотот не упатил повик за помош пред авионот да исчезне од радарите. Остатоците од авионот се пронајдени 20 минути по полетувањето од Штутгарт.

Причината за падот на авионот засега не е познато, а пронајдена е црната кутија, објави АП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот