Пабло Пикасо бил обвинет за кражба на Мона Лиза од Лувр откако изјавил: „Добрите уметници копираат, големите уметници крадат!“
Познатиот Пабло Пикасо сè уште се смета за една од најинтригантните фигури во светот на уметноста. Тој е првиот жив уметник чии дела биле изложени во Лувр, а повеќе од илјада негови дела се украдени, и до денес не се знае каде. Но, дали знаете во какви авантури се впуштал овој шпански сликар во приватниот живот?
Препорачано
„Наместо сето тоа, станав сликар и завршив како еден Пикасо“.
Тој бил исклучително близок со неговата мајка и велел дека најубавите приказни го потсетуваат на неа. Првата анегдота од листата е поврзана токму со неговата мајка. Таа му велела: „Ако станеш војник, знам дека ќе станеш генерал. Меѓутоа, ако станеш монах, ќе станеш и папа“.
Оваа реченица му била исклучително интересна на сликарот во тоа време, но тој не можел, а да не додаде подоцна на духовит начин: „Наместо сето тоа, станав сликар и завршив како еден Пикасо“.
„Планирав само да ручам, не сакам да го купам целиот ресторан, не ми треба“.
Пикасо бил вистинска ѕвезда. Со години луѓето го молеле за автограми или цртежи. Еднаш открил дека во рестораните често го замолувале да им нацрта нешто наместо да ја плати сметката, на што Пикасо еднаш им одговорил:
„Планирав само да ручам, не сакам да го купам целиот ресторан, не ми треба“.
Слично се случило и додека бил на одмор на Азурниот Брег. Родителите испратиле момче со празен лист хартија да го замоли за цртеж. Пикасо го искинал листот хартија и нацртал симпатичен цртеж на грбот на момчето и го потпишал. Подоцна, кога зборувал за оваа анегдота, додал: „Се прашувам дали неговите родители некогаш го избањале после тоа“.
„Можам и јас да насликам лажен Пикасо, како и сите други“.
Пикасо мака мачел со разни лажни слики и честопати од него се барало да ја потврди автентичноста на некои од неговите слики. Еднаш неколку пати му вратил слика на познаник, велејќи дека тој не ја насликал. Последниот пат познаникот му подвикнал: „Те гледав како ја сликаш оваа слика со свои очи!“. На тоа, Пикасо извикал: „Можам и јас да насликам лажен Пикасо, како и сите други“.
„Невозможно е. Не можам да го најдам“.
Пикасо знаел да ги фали своите дела и да ги нарече совршенства, но знаел и како да се пошегува на своја сметка. Еднаш во една галерија сретнал љубител на уметност кој му рекол дека една од неговите слики е „вистинско ремек-дело“. На тоа Пикасо одговорил „Не, не е, носот е сосема погрешен“. Човекот го прашал зошто тогаш не го смени носот, а сликарот рекол: „Невозможно е. Не можам да го најдам“.
Една од неговите најпознати реченици, која многу кажува за него како личност, е создадена откако посетил изложба на детски дела, по што изјавил:
„Кога бев на нивна возраст, можев да сликам како Рафаел, ама ми требаше цел живот за да научам да сликам како нив“.
„Добрите уметници копираат, големите уметници крадат!“
Во 1911 година, Пикасо бил обвинет дека е соучесник во кражбата на Мона Лиза од Лувр, откако не била најдобро разбрана неговата изјав: „Добрите уметници копираат, големите уметници крадат!“


