Озлогласена боја во кралското семејство: Дури ни кралицата Елизабета не ја носи!

Profimedia
Фото: Profimedia

Очите на целиот свет постојано се вперени во кралското семејство, особено кога се работи за изборот на облеката. Токму затоа тие треба да следат цела низа правила.

Кога се работи за боите, ограничувањата не се строги. Кралицата Елизабета е позната по костимите со силни бои, додека војвотката Кејт и Меган Маркл, додека сѐ уште беше членка на кралското семејство, најчесто се појавуваа во облека со пастелни, нежни нијанси.

foto: Profiemedia
Profimedia

Понекогаш ги гледаме и во гардероба во потемни бои, но во една боја никогаш не сме виделе ниту една од членките на кралското семејство, тоа е портокаловата.

Иако не се знае со сигурност зошто е тоа така, познатиот магазин „Мери Клер“ тврди дека постојат неколку теории на оваа тема.

Една од теориите има врска со самата боја – се смета за озлогласена кога се работи за фотографирањето бидејќи прави лицата што ја носат да не изгледаат толку привлечно.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот