Овој необичен симптом многумина го игнорираат, а може да биде знак за дијабетес, велат лекарите

дијабетес
Фото: Профимедиа

Дијабетесот или шеќерната болест се смета за глобална епидемија бидејќи бројот на заболени лица во светот расте до нивоа кои беа незамисливи пред само неколку децении.

Глобалните проценки велат дека 537 милиони луѓе на возраст меѓу 20 и 79 години живеат со дијабетес. Дури и половина од болните немаат дијагноза на болеста и не добиваат третман. Меѓу нешто повеќе од 6,7 милиони луѓе кои годишно умираат поради дијабетес, секое трето лице е помладо од 60 години. На глобално ниво, трошоците за здравствена заштита поврзани со дијабетесот изнесуваат 966 милијарди долари, пишува хрватскиот Завод за јавно здравство.

Постојат повеќе причини за оваа појава, а најзначајна е промена на начинот на живот која се карактеризира со поголем внес на висококалорична храна и намалена физичка активност.

Но, како можеме да знаеме дали имаме дијабетес? Како што објаснуваат лекарите, повеќето рани симптоми произлегуваат од покаченото ниво на гликоза односно шеќер во крвта. Знаците на предупредување можат да бидат толку суптилни што заболеното лице со години не ги забележува, а тоа особено се однесува на дијабетес тип 2. Меѓутоа, лекарите нагласуваат дека постои еден необичен симптом кој многумина го игнорираат, а всушност може да укажува на дијабетес.

Станува збор за бавно зараснување на рани. Како што објаснуваат тие, високото ниво на шеќер во крвта со текот на времето може значајно да влијае на протокот на крвта и да предизвика оштетување на нервите, што на нашето тело му го отежнува зараснувањето на постоечките рани.

Останатите симптоми на дијабетес вклучуваат зголемена жед, зачестено мокрење, замор, нагло губење на тежината и склоност кон инфекции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот