Овој дел од нашето тело е „скриен“ и забораваме на него кога се капеме: Еве како се чисти

Стомак, папок/Профимедиа
Alamy / Alamy / Profimedia

Редовно капење е составен дел од основната хигиена, но колку и да сме претпазливи и темелни во грижата за нашето тело, сепак некогаш забораваме на одредени делови кои нужно треба да ги „исчистиме“.

Знаете ли кој дел од нашето тело најчесто го забораваме?

Папокот.

На многумина папокот им е осетлива точка, ги скокотка или им е ерогена зона. Сепак, оваа мала вдлабнатина е симболот со кој сме поврзани со нашите мајки. Тој е како завиено, скриено место во кое најповолно може да се активираат бактерии и нечистотија доколку не го третираме и чистиме како што треба.
Бројни истражувања покажуваат дека вовлечениот папок може да развие дури и преку 60 видови бактерии, дури и ако се туширате секојд ден. Оваа мала дупка собира пот, прав од облека, мртви ќелии од кожата, сапун, и останати „остатоци“. За да не си направите било каква подлога за инфекција, постои и начин како да го исчистите.

Папокот најдобро се чисти со стапчиња за уши, а еве и како.

Чепкалки за уши/памукчиња
Svitlana Ozirna / Alamy / Alamy / Profimedia

Вовлечен папок: Пред туширање, стапчето за уши потопете го во медицински алкохол и детално исчистете го секој дел од папокот. Додека се туширате, со ново стапче на кое ќе нанесете малку гел за туширање, поминете ја внатрешноста. Потоа измијте го папокот со млаз млака вода и истапкајте го со крпа.

Испакнат папок: Испакнатиот папок е полесно да го измиете затоа што нема вдлабнатини и набори. На памучно крпче потопете малку медицински алкохол и нежно втријте го папокот. Потоа повторете ја постапката со гел за туширање и измијте го папокот со млака вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот