Овој чај е спас за организмот: Ви го чува здравјето и го намалува апетитот

Чај од нане/Фејсбук
Чај од нане/Фејсбук

Кога вакви ладни денови ни се „закануваат“ со можни настинки и прелади, најдобро е во секој миг од денот да имаме прирака од овој чај.

Чајот од ментол, или чајот од нане е најдобар сојузник во борбата против преладувањата, настинките, болките во стомак и менструалните тегоби. Освен во зима, тој во летниот период е освежителен кога се пие ладен, го зајакнува имунитетот и ја подобрува работата на желудникот и цревата.

Сетете се само како нашите баби во гравчето ставаат свежо нане – за полесно да ни биде варењето.
Освен чајот кој има благотворни ефекти, етеричното масло од нане, спрејот за нос од нане ефикасно спречуваат развој на штетни бактерии во носот и устата, но и во цревата.

Фото: Профимедиа

За чајот да ви биде пријатен за пиење и да го избегнете горчливиот вкус, а да не ги изгубите неговите драгоцени својства, потребно е само да ги прелиете листовите нане со врела вода. Немојте да го вриете, оти така чајот губи од ефективоста.

Освен што ќе ви помогне во ублажување на секакви непогоди во зимскиот период, тој го намалува и апетитот и ви овозможува витка линија. Со самиот мирис, нането го стопира чувството на глад, покажуваат бројни истражувања. Затоа, на следната пауза или момент за себе – направете си го овој чај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот