Варијанти на корејското јадење кимчи/Фото: Wikimedia Commons

Оваа намирница помага во исфрлањето на микропластиката од телото

Научниците открија дека популарната намирница кимчи може да помогне во отстранувањето на микропластиката од човечкото тело.

Ново истражување објавено во списанието „Биоресурс технолоџи“ (Bioresource Technology) покажало дека кимчи, традиционално корејско јадење направено од ферментиран зеленчук (најчесто зелка), има потенцијал да го ослободи телото од ситни пластични честички познати како нанопластика, пишува „Пипл“.

Нанопластиката е вид микропластика што настанува со распаѓање на производи за широка потрошувачка, а честичките се толку ситни што можат да продрат во клетките, ткивата, па дури и да ја поминат крвно-мозочната бариера. Според американската Администрација за храна и лекови (ФДА), тие влегуваат во храната првенствено поради загадувањето на околината во која се одгледуваат.

Корејското јадење – кимчи/Фото: Wikimedia Commons

Како помага кимчи?

Студијата покажала дека бактериите на млечната киселина, кои се наоѓаат во кимчи, на себе ги врзуваат честичките на нанопластиката во цревата. Ова им овозможува на штетните честички да се групираат и заедно и да се исфрлат од телото преку дигестивниот систем.

Тестирањата спроведени на глувци ги потврдиле овие наоди. Кај глувци од двата пола на кои им бил даден сој на бактеријата Leuconostoc mesenteroides, изолиран од кимчи, е забележано повеќе од двојно зголемување на количината на нанопластика во нивниот измет.

Корејското јадења кимли/Фото: Antoni Shkraba Studio/Pexels

Потенцијал и кај други зеленчуци

Кимчи не е единствената намирница што го покажала овој потенцијал. Списанието „Храна и вино“ (Food & Wine), повикувајќи се на истражувачи од Државниот универзитет Тарлтон, неодамна информирало дека бамјата и пискавицата може да имаат слични корисни ефекти.

Научниот тим открил дека бамијата и пискавицата, кога се додаваат во загадена вода, создаваат супстанција што ги врзува  честичките на микропластиката во грутки. Овие грутки потоа се одделуваат од течноста и тонат на дното, со што водата се прочистува.

Кардиолог тврди: Ова е најдобрата храна за вашето срце

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот