Оваа боја не е добро да ја имате дома, „фрла“ во депресија и носи лоша енергија!

pixabay

Добро е познато дека боите имаат големо влијание на расположението, па поради тоа кога ќе го дизајнирате ентериерот водете сметка кои нијанси ги одбирате. 

Ви откриваме кои бои го подобруваат расположението, а која никако не смеете да ја имате дома.

Сина боја

Оваа боја придонесува за подобрување на концетрацијата, нормализација на крвниот притисок, ослободување од умор и несоница. Затоа сината боја е одлична за спална соба, но треба да водите сметка дека премногу од оваа боја може да влијае негативно на хормоналното ниво.

Бела

Белата е чест избор на многумина кога е во прашање ентериерот. Таа позитивни влијае на психолошката и физичка состојба, ја враќа енергијата, помага да се ослободите од грижите и стравовите, го подобрува видот и релаксира.

Но, во се е важна рамнотежата, затоа кога ќе го уредувате ентериерот добро е да внесете неколку детали во силни бои за да ја избегнете раздразливоста.

Окер

Ја подобрува функцијата на мозокот, ја враќа енергијата, ја подигнува расположението и ја развива креативноста. Избегнувајте ја оваа боја во детските соби зашто негативно влијае на развојот на нервниот систем.

Портокалова

Внесете ја оваа боја во станот ако сакате секогаш да бидете расположени, да се ослободите од негативна енергија и да ја подобрите активноста на мозокот. Исто така оваа нијанса ја зајакнува амбицијата.

Светло розова

Обично се поврзува со нежност, сензуалност, спокојство. Погодно е да се дизајнираат спаслните соби во оваа боја зашто ќе создаде атмосфера на сигурност и спокојство. Розовата боја позитивно влијае на телото, ги стимулира нервниот, ендокриниот и имуниот систем, го подобрува видот и слухот, ја отстранува главоболката.

Зелена

Зелената боја ја симболизира плодноста и просперитетот. Оваа боја овозможува да се ослободите од стресот и анксиозноста.

Покрај овие бои кои имаат позитивни ефекти, постојат и оние кои создаваат непријатност и нималку не се добри за очите, ниту за организмот. Со овие бои никако не го декорирајте енетериерот:

Темно црвена

Оваа боја може негативно да влијае на нервниот систем. Ако дома имате премногу детали во црвена боја, тоа може да создаде чувство на нервоза и непријатност.

Црна

Има огромно влијание на човечката психа. Вишок на црна боја може да предизвика агресија, па внимателно употребувајте ја оваа боја при дизајн на ентериерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот