Ова ретко се гледа: Нејмар асистираше од пенал! (ВИДЕО)

фото: твитер

ПСЖ после паузата поради Ковид-19 се врати на терените со играње на пријателски натпревари како подготовка за следната сезона.

Париските „светци“ успеаја во контролен меч убедливо да го совладаат белгискиот клуб на Беверен со конечен резултат 7:0.

Повторно во центарот на вниманието се најде една од најголемите ѕвезди на францускиот шампион, Нејмар. Беше досуден пенал, Бразилецот беше играчот кој што ја имаше улогата да шутира од белата точка.

Пред судискиот свиреж, Нејмар имаше и мала комична комуникација со голманот на Беверен, кој го прашува со очите на која страна да му шутира, а чуварот на мрежата само се смееше.

Но, голманот беше измамен, Нејмар не шутираше, туку асистираше до Мауро Икарди, нешто што ретко се гледа на натпреварите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот