Фото: Скриншот/Фејсбук

ВИДЕО | Ова го зборуваше Андреј од „ДНК“ пред да почине — Ана Костадиновска сподели емотивен спомен

Емотивен и вреден спомен на Андреј Ѓорѓиески од „ДНК“ и на Сара Пројковска сподели Ана Костадиновска, придружен вокал и професорка по пеење.

Снимката е од пред девет години, а Костадиновска, која го преживеа трагичниот пожар лани на 16 март во Кочани, покрај неа едноставно напиша „Засекогаш“, со што им оддаде почит на Сара и на Андреј, кои загинаа во пожарот.

На видеото, Сара, Ана и Андреј заедно го пеат хитот на „ДНК“, „Север и југ“, во опуштена, домашна атмосфера. Ана, всушност, сподели објава на Андреј од 2017 година, под која тој напиша силна порака: „Ќе немаме ништо ако се изгубиме едни со други“.

„Сара беше прекрасна личност, жена-светлина. Секој миг поминат со неа ми ја грее душата. Тука е и секогаш ќе биде, сѐ додека дишам и постојам. Пеењето секогаш ми било единствен лек за секоја душевна болка. Другарите од „ДНК“ се моето второ семејство и ќе бидат засекогаш. Нашата приказна беше најубава во секој сегмент од нашето заедничко делување“, рече Ана Костадиновска во интервју за „Слободен печат“.

На 14 октомври лани, таа остана без својот близок пријател и соработник Владимир Блажев – Панчо, кој почина по седуммесечна борба во болница.

Ана ја смени својата насловна фотографија на Фејсбук со црна позадина. Панчо во многу наврати зборуваше дека неговиот бенд е негово семејство и дека тој и Андреј никаде не настапуваат без нив.

Костадиновска сподели неколку заеднички фотографии со Панчо и напиша кратка, трогателна порака: „Ме скрши, Пане мој“.

ФОТО | Сѐ во домот на Наталија и Јана потсетува на Андреј, еден детаљ е најемотивен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот