Андреј и Наталија / Фото: Инстаграм/Наталија Ѓорѓиеска

ФОТО | Сѐ во домот на Наталија и Јана потсетува на Андреј, еден детаљ е најемотивен

Наталија, сопругата на трагично загинатиот музичар Андреј Ѓорѓиески од „ДНК“, сподели емотивна објава од ќерка ѝ Јана на Инстаграм.

На фотографијата се гледа малата Јана како спокојно спие на каучот, а врз неа, како верен чувар, е легнато нивното милениче. Амбиентот е дополнет со звуците на безвременското дело на Шопен, „Nocturne No. 20“, мелодија која сама по себе носи длабока меланхолија и мир.

Вечната врска со Андреј, чие присуство се чувствува во секој агол од нивниот дом и во секој спомен што Наталија го негува, е очигледна. На полицата над креветот се гледа слика од Андреј.

Фото: Скриншот

Наталија неодамна објави фотографија од Андреј на својот инстаграм-профил и ја сподели песната „Un Amor“ од „Џипси кингс“.

„Силна жена, непребол, ангел небесен, ни фали многу на сите“, се дел од коментарите што нејзините блиски ги напишаа под оваа фотографија. Со емотикони искоментира и Маја Блажева, сопругата на Владимир Блажев – Панчо.

Во февруари, Ѓорѓиеска беше гостинка на хуманитарниот концерт со песни на групата „ДНК“ во Дизелдорф, Германија, посветен на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На концертот, во чест на „ДНК“, нивни песни пееја Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Елена Андоновска, Тина Русева и Сања Лефкова.

„Она што нѐ поврзува вечерва не е само музиката на ‘ДНК’, туку и нашата култура. Сите го знаат Андреј на сцена, но јас го знаев откако ќе се симнеше од неа. Тој беше човек што сакаше силно, без задршка. Човек кој веруваше дека љубовта се покажува со дела. Беше хуман без да зборува за тоа и искрено се грижеше за сите околу него“, рече сопругата на Андреј, пејачот на „ДНК“, кој беше омилен кај повеќе генерации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот