Ова е причината зошто навечер треба да ја држите вратата од спалната соба затворена (ВИДЕО)

Иако постојат бројни причини да спиете со отворена врата, од тоа да го слушнете детето дали плаче или дали крадци ви провалуваат во домот, всушност е и многу опасно да не ја затворате вратата од спаланата соба во текот на ноќта.

Можеби ова во моментов ви се чини како измислена работа, но од американскиот Институт за безбедност и заштита од пожари (FSRI) наведуваа дека во случај на пожар затворената врата ќе ви биде единствената бариера од огинот, димот и смртоносниот јаглерод моноксид.

Пред 40 години просечното време да се побегне од пожат во домот било околу 17 минути. Но бидејќи денес поголемиот дел од мебелот е произведен од лесно запаливи материи, домашните имаат едвај три минути да спасат жива глава, наведуваат од „FSRI“.

Со желба да укажат на овој проблем, „FSRI“ направи демонстрација со која покажа дека затварањето на врата може да ви го спаси животот. Тие запалија просторијата во која вратата од едната соба била отворена, а другата затворена.

На крајот на експериментот јасно се гледало дека повеќе шанси да го преживеат пожарот имаат оние кои пред спиење ја затвориле вратата од спалната соба.

FSRI сподели и неколку корисни совети како да се снајдете во ситуација кога пожар ја зафатил вашата куќа.

„Секогаш имајте противпожарни аларми, план за бегство од домот и затворете ја вратата од спалната додека спиете“, советуваа од Институтот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот