„Ова е најлошото ‘отворање уста’ што сме го виделе“: Ја обвинуваат Ријана дека не пеела во живо на Супербол

Ријана на „Супербол“ / 12 февруари 2023 / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Не сите се импресионирани од настапот на мега ѕвездата Ријана на полувремето на годинешниот Супербол.

Социјалните медиуми се преплавени со коментари дека ѕвездата со потекло од Барбадос, всушност, не пеела во живо на големиот спортски настан, туку само отворала уста, термин познат како lip-syncing (синхронизација на усните), пишува „Њујорк пост“.

Со оглед на тоа дека не настапувала во живо уште од 2016, се чини прилично импресивно да не направи никаква грешка и беспрекорно да го отпее секој такт од нејзините најголеми хитови во само 13 минути.

Ријана на „Супербол“ / 12 февруари 2023 / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Да не го заборавиме и спектакуларното објавување на веста дека го чека своето второ дете, што подоцна нејзините фанови го оценија како „моќна објава“, со огромно значење за сите жени во светот.

За жал, нејзината блажена состојба не ги сопре гледачите ширум светот да го дадат своето мислење кое се коси со епитетот „импресивно“. Многумина ја обвинија пејачката дека не пеела во живо и дека вокалите биле претходно снимени, а таа само отворала уста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ensemble (@ensemblemagazinenz)


„Неверојатно е како Ријана е способна да пее дури и кога го трга микрофонот настрана или кога воопшто не ги движи усните“, „Жално е што Ријана не пее во живо“, „Знаеш дека те сакаме, штета за тебе што ова најлошиот ‘лип синкинг’ што сме го виделе“, се само некои од коментарите на сметка на настапот на поп ѕвездата.

Ријана е една од многуте поп ѕвезди обвинети за „лип синкинг“ за време на Суперболот, заедно со Кети Пери и групата „Ред хот чили пеперс“.

Повеќе вести за Супербол:

Испиша историја: Ријана го покажа трудничкиот стомак на Супербол

Џастина го украде шоуто на Супербол: Интерпретаторка на знаковен јазик ја засени Ријана

„Напред девојко“: Крис Браун јавно ѝ ја честиташе бременоста на Ријана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот