ФОТО+ВИДЕО | Влезе во Гинис: Ова е и официјално жената со најмногу пластични операции на светот

Фото: Profimedia

Синди Џексон е жената која заврши во Гинисовата книга на рекорди како личност со најмногу пластични операции во историјата. Денес има 66 години, а досега имала најмалку 5 пластични операции кои чинеле повеќе стотици илјади фунти!

На атрактивната русокоса очигледно веќе не и се допаѓа таа титула, бидејќи тоа беше пред неколку години, а за во иднина сака да ги крие естетските зафати на кои се подложува, бидејќи повеќе не сака да биде во книгата!

Пит Бурнс и Синди Џексон / Фото: Mr. JCY / Shutterstock Editorial / Profimedia

Имено, Синди тврди дека другите луѓе не гледаат благонаклонето на нејзиниот рекорд.

„Имав уште операции откако го поставив рекордот, подигнување на вратот, неколку преправки и десетина други процедури. Не можам да се сетам на се што сум направила, тоа е како да прашате некој да се сети на сите негови фризури во последните 30 години. Повеќе нема официјално да ги запишувам, преку глава ми е од коментари дека личам на Барбика“, изјави оваа Американка која живее и работи во Лондон.

Покрај сериозните корекции, таа се подложена и на низа неинвазивни третмани како трајна шминка и разни хемиски пилинзи.

Синди Џексон / Фото: Ray Tamarra Collection / Everett / Profimedia

Џексон исто така истакна дека цврсто верува дека ваквите корекции треба само да ја нагласат природната убавина, а не до непрепознатливост да го менуваат лицето и телото. Таа вели дека секоја операција што не изгледа природно е промашување!

Таа е толку страсна за оваа гранка на медицината што дури основала компанија која им помага на луѓето кои сакаат да се подложат на пластична операција, но со цел да постигнат природен изглед.

„Резултатите се подобри: свеж и природен изглед без очигледни знаци на операција“, вели Синди.

Синди Џексон во 2011 година / Фото: Can Nguyen / Capital pictures / Profimedia

Инаку, Синди Џексон признала дека станала незадоволна од својот изглед поради исмејувањето на нејзините врсници. Таа го искористила наследството што го добила по смртта на нејзиниот татко за да ги финансира првите естетски процедури.

„Еден момче ми рече кога имав 14 години: ‘Знаеш, Синди, кога се насмевнуваш, од страна изгледа како носот и брадата речиси да ти се допираат. Тоа беше како да сум во погрешно тело и со погрешно лице и тоа силно го чувствував и сакав да го сменам. Денес се чувствувам млада по дух и не сакам да се погледнам во огледало и да видам старо лице. Изгледам како што треба да изгледам“, рекла своевремено Синди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот