Отворено писмо од Мимоза Велјановска до институциите: Заглавени сме во Кина, имаме проблеми со пасошите, молиме за помош!

EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Мимоза Велјановска, македонска државјанка преку редакцијата на Слободен печат упати отворено писмо до институциите, со молба да ѝ помогнат. Во моментов, таа живее и работи во Кина со своето семејство и имаат проблеми со македонските пасоши.

„Веќе една година преку македонската амбасада во Кина барам решение за проблемот со пасошите. Јас имам уште една страна во пасошот. Сопругот повеќе нема празни страни, не можеше да ја обнови работната виза, ја изгуби работата, сега на добра волја Кинезите на секои три месеци хефтаат хуманитарна виза. Пасошот на ќерката истекува во јули 2021. Исконтактирав многу луѓе, одговор беше – Законот е таков не може амбасадата да издава пасоши, мора назад во Македонија. Но пандемија е, како тоа да го направиме – прашува Мимоза во своето писмо. Таа побарала и мобилна екипа, но не добила, затоа што во Кина има многу ригорозни правила за враќање назад, долги регулативи, и секоја екипа би значела трошок за државата.

Во писмото таа вели дека доколку се вратат назад, не е гарантирано дека кинеската амбасада ќе им издаде дозвола за повторно враќање назад.  – „Има можност – само јас да можам да се вратам, но не и мојата ќерка која има 3 години, ниту сопругот. Значи ќе треба да се разделиме. Ќерката оди на училиште тука. Ако се вратиме заедно и ако се пролонгира нешто јас ја губам работата, а тука сум веќе 10 години“.

Според неа, сево ова е поради неможноста државата да издаде нови патни исправи.

Мимоза понатаму вели дека министерот за надворешни работи Бујар Османи, изјавил дека ќе изнајде решение за луѓето на кои им истекуваат пасошите.

„Но кај мене проблемот е многу посложен зошто јас и сопругот немаме празни страници за нова виза. Решението на министерот е многу нејасно, треба да гласаат во собрание,  па ќе издадат некаков нов документ каде на шалтер во полиција ќе се објаснувам за ќерката дека иако пасошот и е истечен ќе може да стават виза… Бараме дозвола да искористат стари информации од МВР по што МНР ќе ни ги испрати пасошите за Кина по брза пошта. Со овој проблем се соочуват 12 луѓе во Кина, на половина им истекува пасошот, половина немаат доволно страници. Ги молам институциите да ни помогнат” вели Велјановска во отвореното писмо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот