Отворен патот за вонредни избори на Косово: Уставниот суд вечерва ја урна владата на Авдула Хоти

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Уставниот суд на Косово вечерва ја собори владата на премиерот Авдула Хоти, бидејќи чинот на гласање со кој неговиот кабинет ја доби поддршката во парламентот е прогласен за неуставен. Па, според одлуката на Судот, е наложено распишување на нови избори.

– Новите вонредни избори во Косово мора да се одржат најдоцна 40 дена по распишувањето, бидејќи владата на Авдула Хоти добила поддршка во Собранието благодарение на неуставното гласање, соопшти Уставниот суд на Косово.

При објава на одлуката, Судот истакна дека пратеничкиот мандат на Етем Арифи е потврден, иако неколку месеци претходно е правосилно осуден на затворска казна во траење од една година и три месеци.

Владата на Хоти доби поддршка од 61 пратеник во вториот обид во косовскиот парламент, но бидејќи Уставниот суд го прогласи клучниот глас за ништовен, на косовскоот претседател му е наложено да распише нови избори.

Третите парламентарни избори во период од три години се последица на жалбата на Движењето „Самоопределување“ што беше поднесена во јули, тврдејќи дека владата на Хоти добила поддршка во Собранието благодарение на гласот на Арифи кој во тој момент бил осуден за корупција.

Вонредните избори треба да ги распише в.д. претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот