Отворен памптрак велодром во вториот дел од Градскиот парк (ФОТО)

Денеска во вториот дел од Градскиот парк за вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите, беше пуштен во употреба вториот „памптрак“ велодром. Адреналинската патека се наоѓа близу просториите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и Сточарскиот институт. Ова е втор памптрак изграден во Скопје, а првата патека лани беше отворена пред Олимпискиот базен.

Фото: Општина Карпош

Новиот памптрак полигон зафаќа површина од над 700 квадратни метри и е наменет за деца и возрасни од различни возрасти.

-Младите, но и сите љубители на велосипедизмот ќе имаат можност да спортуваат и да се рекреираат. Продолжува грижата за правилно уредување на јавниот простор и креирање на функционални зони за сите граѓани- напиша на фејсбук градиначалникот на Општина Капрош, Сфетан Богоев.

На територија на Карпош, во вториот (стариот) дел на Градскиот парк се отвори вториот pumptrack во нашиот град. Младите,…

Publiée par Stefan Bogoev sur Lundi 19 octobre 2020

Покрај патеката, реонот во вториот дел од Градскиот парк доби исоодветно осветлување, хортикултурно уредување и фонтана за вода. За поголема пристапност до патеката беше реконструиран и големиот паркинг во непосредна близина.

Фото: Општина Карпош

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на отворањето на велодромот му се заблагодари на донаторот за изградбата на патеката.

-Во овие тешки времиња соработката меѓу општествено одговорните компании и институциите може да даде квалитет во уредувањето на отворениот простор каде што граѓаните ќе можат безбедно да се движат, да се рекреираат и да се дружат- нагласи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот