Африм Гаши Фото: Собрание

Отворањето на Уставот е сензитивна работа, смета Гаши

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, вели дека отворањето на Уставот е сензитивна работа и договор помеѓу политичките партии. Тој нагласи дека се работи за политичко прашање за кое е потребен консензус од две третини од пратениците во Собранието.

„Отворање на Устав е сензитивна работа, пред сè работа на договор помеѓу политичките партии и тоа знаете дека во Собрание треба две третини од пратениците да се договорат да отворат Устав“, изјави Гаши.

Тој рече дека ќе остави политичките партии да донесат одлука за тоа кога е потребно да се направи тоа и околу кои прашања.

Во однос на дебатите за примена на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд, смета дека не треба тоа да биде табу тема и дека треба да се разговара за тоа. Тој сепак нагласи дека фокусот треба да биде основната улога на судот.

„Треба да се разговара од два аспекти – од апсект на политичка димензија и професионалниот аспект. Пред сè треба да го имаме на ум фактот дека Уставниот суд треба да ја одигра својата улога како што му е пропишано во Уставот, а тоа е да го брани Уставот и уставноста на донесување на законите во државата. И затоа не треба да гледаме да имаме предрасуди кон темите кои носат до квалитетното одлучување, туку пред сè треба да имаме на ум каков Уставен суд ќе имаме“, нагласи Гаши.

Собранието рече дека работи максимално експедитивно на реформската агенда и дека досега нема застој во гласањето на законите што пристигнуваат во архивата. Според него, брзината на процесот зависи од капацитетите на министерствата и комуникацијата со Европската комисија.

Тој додаде дека веќе се пристигнати два клучни закона – за Јавни обвинители и за Советот на јавни обвинители, кои веднаш ќе бидат процесуирани до пратениците. Гаши очекува до крајот на годината темпото на носење реформски закони дополнително да се засили.

„Моментално во собрание имаме два закони, едниот е за јавни обвинители, а другиот е за Советот на јавни обвинители. Очекуваме од владата да доаѓаат повеќе закони, знам дека таму се работи интензивно“, рече Гаши.

Претседателот на Собранието очекува до крајот на годината темпото на носење реформски закони дополнително да се засили.

Долга е редицата пред „вратата“ за промени на Уставот – последното „не“ Мицкоски го испорача на дебатата за уставна жалба – Слободен печат

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот