Откриено името на вториот син на Ријана и Ејсап Роки: Повторно е необично

Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Откриено е невообичаеното име на вториот син на Ријана и Ејсап Роки, еден месец откако пејачката се породи.

Тие го нарекоа својот син Рајот Роуз Маерс (Riot Rose Mayers), објави „Д Бласт“ (The Blast), пренесува „Дејли меил“ (Dailymail).

Името можеби е во корелација со неодамнешната песна на Ејсап „Riot“ од почетокот на оваа година, во која соработуваше со Фарел Вилијамс.

Според изводот на родените, Риот е роден на 1 август 2023 година во болницата Седар Синаи во Лос Анџелес во 7:41 часот.

Фото: Инстаграм/ Ејсап Роки

Двојката одлучи да ја задржи традицијата на именување, со уште едно име кое започнува со буквата „Р“, откако својот прв син, роден во мај 2022 го нарекоа РЗА Ателстон Маерс (RZA Athelston Mayers).

Ријана и Ејсап сѐ уште не споделиле фотографии од нивниот втор син. Претходно, првите фотографии од РЗА Ријана ги сподели седум месеци по неговото раѓање.

„Дали тајно се венчале?“: Ријана и Ејсап Роки ги поттикнаа гласините за брак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот