Откриени нови симптоми на коронавирусот: Се појавуваат во напредната фаза

epa-efe
Фото: EPA-EFE/SAN RAFFAELE HOSPITAL

Професорот Хендрик Штрек, раководител на Институтот за вирологија на Универзитетската клиника во Бон, открил нови симптоми на заразата со Ковид-19. Претпоставува дека тие се случуваат во напредната фаза од болеста, пишува Дојче Веле.

Неколкудневно губење на чувството за мирис и вкус е констатирано кај дел од пациентите во Германија кои биле заразени со новиот коронавирус, вели професорот Штрек, кој тестирал најголем број пациенти заразени од коронавирусот во Германија. Засега, не може со точност да се утврди кога се манифестираат тие симптоми.

„Претпоставуваме дека тоа се случува во напредната фаза од болеста“, вели Штрек во интервју за весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Кај 91 отсто од пациентите тестирани во Кина симптомите биле благи и лесни, придружени со сува кашлица и евентуално треска. Дополнително, кај 30 отсто од германските пациенти е забележана и диареа, што е повисок процент одошто во Кина. Вирологот објаснува дека една заразена мајка дури не можела да го почувствува мирисот на преполната пелена на нејзиното бебе, а кај други – храната им била целосно без вкус.

Новиот вирус е помалку опасен од Сарс, но се реплицира уште во горниот дел на дишниот тракт, што го прави многу позаразен. Карактеристика на Сарс беше репликацијата длабоко во белите дробови, што го прави помалку заразен, но далеку поопасен.

Штрек објаснува дека во Италија биле тестирани само случаите со тешки симптоми – околу 9 отсто. Притоа, биле тестирани и веќе починати. Таму, според него, бројот на заразени е далеку повисок од прикажаните бројки. Во Германија, на пример, се тестираат и пациенти кои имаат благо гребење во грло, додека такво нешто во Италија не се прави.

И во Кина смртните случаи на почетокот брзо растеа во однос на бројот на заразените, бидејќи биле тестирани мртви. Притоа, повикувајќи се на студијата и од кинескиот Шенжен, Штрек заклучува дека децата се заразуваат од вирусот исто толку колку и возрасните, но тие развиваат само лесни, или дури и никакви симптоми.

Во продолжение се прикажани основните разлики во симптомите на коронавирусот, настинката и грипот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот