Откриена причината за смртта на Тина Тарнер
Тина Тарнер почина од природна смрт во својот дом во Швајцарија, објави „Дејли мејл“.
Препорачано
Легендарната пејачка почина на 83-годишна возраст во Швајцарија, по долго боледување. Познато е дека пејачката се бореше со рак на дебелото црево, а повеќе од четири децении боледуваше и од висок крвен притисок.
Нејзините портпароли потврдија за „Дејли мејл“ дека „кралицата на рокенролот“ починала од природна смрт. Тие вчера ја објавија тажната вест, потенцирајќи дека „со неа светот губи музичка легенда и идол“.
Неодамна беа објавени нејзините мемоари, во кои Тарнер призна дека размислувала за евтаназија во 2016 година, пред нејзиниот сопруг Ервин Бах да ѝ донира бубрег.
Пејачката откри и дека неконтролираниот висок крвен притисок ѝ го забрзал оштетувањето на бубрезите, па почнала да се помирува со идејата за смртта.
Нејзиниот сопруг ѝ донираше бубрег во 2017 година.
Повеќе текстови за Тина Тарнер:
Во чест на незаборавната Тина Тарнер – Десет хитови што сите ги сакаме
НАСА спектакуларно ја испрати Тина Тарнер меѓу ѕвездите
Последната објава на Тина Тарнер ги растажи сите: Се доведов во голема опасност…
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
41мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


