Животот на Тина Тарнер воопшто не бил лесен: Во бракот трпела психичко и физичко насилство, па се обидела да се самоубие

Тина Тарнер
Тина Тарнер / Фото: Инстаграм/Тина Тарнер

На музиката ѝ даде голем дел од животот, а животот воопшто не ја галел. Колку била поголема славата што ја доживеала, толку биле поголеми трагедиите со кои се соочувала, ако воопшто може да се разликуваат мали и големи трагедии.

Музичката легенда Тина Тарнер денеска почина на 83-годишна возраст.

Фото: Профимедиа

Освен што имаше неверојатни вокални способности, поседуваше енергија со која зрачеше секогаш кога ќе застанеше на сцената. Иако секогаш насмеана, Тина претрпела многу непријатности и трагедии во животот.

Тина била жртва на злоставување од страна на поранешниот сопруг Ајк Тарнер, со кого била во брак од 1962 до 1978 година.

Тина и Ајк Тарнер/ото: Профимедиа

На 18-годишна возраст, Тина го запознала Ајк Тарнер, кој ѝ дозволил да започне да пее како придружен вокал во неговата група, а набрзо станала и главен пејачка. Во 1962 година, Ајк и Тина се венчале во Мексико и започнал нивниот вртоглав подем во музичкиот свет.

Првиот хит „River Deep, Mountain High“ ги искачил високо на топ листите. Но нивната соработка не била идеална.

Ајк почнал да ја малтретира Тина секојдневно и многу често таа завршувала со крв и модринки.

„Ѝ удирав шлаканици на Тина. Без причина ја турнував на земја. Но не ја тепав баш толку како што кажува таа“, признал Ајк.

Додека биле на заедничка турнеја во Далас, Ајк ја претепал. Таа чекала тој да заспие, а потоа ставила очила за да ги скрие модринките и побегнала со 36 центи во џебот. Се скрила во блискиот мотел и со помош на адвокатот и неговите пријатели отишла во Лос Анџелес.

Ајк тогаш изјавил: „Може да добие сè, само моето име – не!“.

Претходно, во 1968 година Тина се обидела да се самоубие, поради бракот во кој трпела од физичко до психичко насилство и проголтала околу 50 апчиња за спиење.

„Се убедив самата себе дека самоубиството ми е единствениот излез, но за среќа немав добра пресметка кога ќе почнат да дејствуваат, па почнав да се шминкам пред шоуто, кога почнаа да дејствуваат. Ме однеле со Брза помош до болница, каде ми го спасиле животот. Мојот обид за самоубиство не беше класичен повик за помош, јас избрав смрт. Но, оттогаш никогаш повеќе не се обидов, бидејќи се извлеков од темнината, верувајќи дека мојата судбина не е смрт“, рекла своевремено силната Тина со воздишка.

Во 2007 година Ајк Тарнер починал од предозираност со кокаин.

Тина никогаш не ги заборавила деновите кога била во буквална смисла на зборот измачувана. Меѓутоа, во 1985 година се запознала со музичкиот продуцент Ервин Бах, со кого се регистрирале во 2013 година.

Тина Тарнер и Ервин/ Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Пред неколку години животот ѝ приредил уште еден болен момент – смртта на нејзиниот син Крег. Во 2022 година Тина го загуби и синот Рони Тарнер, кој почина на 62-годишна возраст.

Музичката дива во декември 2016 година, беше речиси на смртна постела, бидејќи нејзините бубрези работеле со само 20 отсто капацитет, поради што итно ѝ беше неопходна трансплантација.

Тина имаше само две опции или дијализа или трансплантација, а тогаш нејзиниот сопруг, германскиот музички продуцент Ервин Бах одлучи да ѝ го спаси животот.

Тој ѝ го донираше својот бубрег и така ја одигра најважната улога во нејзиниот живот.

Крај на една ера: Почина легендарната Тина Тарнер, „Кралицата на рокенролот“

Крај на една ера: Почина легендарната Тина Тарнер, „Кралицата на рокенролот“

ВИДЕО: Тина Тарнер откри што и го спасило животот по злоставувањето, мозочниот удар и загубата на синот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот