Крај на една ера: Почина легендарната Тина Тарнер, „Кралицата на рокенролот“

Фото: EPA/STEFFEN SCHMIDT

Една од најголемите светски музички ѕвезди на 20-от век, легендарната пејачка Тина Тарнер, почина денеска на 83-годишна возраст, соопшти нејзиниот портпарол.

„Тина Тарнер, „Кралицата на рокенролот“ почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија, соопшти тој.

Пејачката родена како Ана Меј Булок на југот на Америка со децении беше една од најомилените светски ѕвезди, откако се проби во 70-тите години на минатиот век, најпрвин со дуетот со нејзиниот тогашен сопруг Ајк Тарнер, со кого имаше турбулентен однос исполнет со страдање и насилство. Подоцна, Тина Тарнер како самостојна артистка стана една од најпрепознатливите икони на поп-музиката на 80-тите, позната исто толку по својата непресушна енергија и харизматичната појава на сцената, колку и по низата светски хитови.

Тарнер е добитничка на осум награди „Греми“, а магазинот „Ролинг стоун“ во 2005 година ја вклучи на листата „Бесмртници“ – најголеми изведувачи на сите времиња. Таа својот последен концерт го одржа во Британија во 2009 година, кога имаше речиси 70 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот